Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците која е дел од владината коалиција „Вреди“, Арбен Таравари денеска ги поздрави најавите на американскиот претседател Џозеф Бајден против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори.
-Ние го поздравуваме тоа и мислам дека Владата се придржува максимално на сите тие меѓународни договори. Нека размислат тие што имаат проблеми рече Таравари.
Научното списание „Nature“ го поддржа кандидатот на демократите за претседател на САД Џо Бајден, осудувајќи ги изјавите на претседателот Доналд Трамп за низа прашања, вклучувајќи го и неговио
Американскиот претседател Џозеф Бајден ги прошири санкциите насочени кон категории на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на држави од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократските институциите и избегнувањето на санкциите на американската влада.
Со таа извршна наредба, Бајден презеде дополнителни чекори, изменувајќи и дополнувајќи три наредби поврзани со Западен Балкан од 2021 година, кои се однесуваат на блокирање на имотот и суспендирање на влезот во САД на лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан.
Регулативата од 2021 година предвидува дека санкциите – блокирање на имотот и суспензија на влез во САД – се применуваат на лица кои се директно или индиректно одговорни за дејствија и политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на регион или држава на Западниот балкан, ги поткопува демократските процеси или институциите, кршењето на човековите права или корупцијата.