Македонија изјава

Таравари: Во основата на мојата програма се уставните измени и отстранување на формулација од 20%

Претседателскиот кандидат на коалицијата СЕСП Арбен Таравари на промотивната конвенција во Гостивар порача дека ќе биде претседател на народот и ќе се залага да биде претседател на Македонците, Албанците, Турците и на сите етникуми во државата.

„Основата на мојата програма се уставните измени, бидејќи тие се наш услов да продолжиме на европскиот пат и кога ќе се отвори уставот, ограничкувачкиот термин за Албанците треба да се отстрани, бидејќи ние сме државовторци и време е да бидеме со нашето име во уставот. Претседателот треба да биде изгласан во собранието и со тоа ќе имаме вистинска можност да избереме претседателот Албанец“, рече Арбен Таравари, кандидат за претседател.

Кандидатот Таравари рече дека вклучувањето на бугарското и другите малцинства во уставот е задолжително и тоа ќе се реализира многу брзо по формирањето на новата влада, во која, според него, ќе биде и ЕСП. Таравари во својот говор рече дека ќе биде посветен и на слободата на медиумите и говорот.

Во својот говор, лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, рече дека политичката структура на ДУИ, удобно во фотелјите на власта, е премногу поврзана со руските и српските олигарси и бизнисмени, .Тој рече дека ДУИ го отворила патот за Сергеј Лавров, во време кога светот се сврте против Русија. Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами рече дека сме пред политички пресврт, кој е видлив . Лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, рече дека е потребна победа со 120.000 гласови, а претставникот на Движењето Самоопределување, Беким Ќоку, рече дека коалицијата ЕСП се залага за демократија, против корупцијата и кражбите. На промотивната конвенција говореше и Нора Таравари, сопругата на претседателскиот кандидат, која рече дека Арбен Таравари е човек посветен на семејството.

Најнови вести од Македонија

To top