Македонија критичните се малку подобри

Таравари: Се враќаат осум пациенти од лекување, девет се пуштени од болниците во Скопје, четирите критични имаат подобрувања

Таравари: Се враќаат осум пациенти од лекување, девет се пуштени од болниците во Скопје, четирите критични имаат подобрувања

Од 24 пациенти повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, девет ќе бидат испишани од болница. Тие се во стабилна и добра состојба.

Вчера се вратија пет пациенти од надвор од државата. Еден од Атина и четири од Шпанија. Надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денеска се најавени да се вратат осум пациенти. Двајца од Белгија, двајца од Турција, двајца од Австраија и двајца од Хрватска. Од утре, остануваат 101 пациент на лекување.

-Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат, рече миниситерот за здравство, Арбен Таравари.

Тој посочи дека четири пациенти и натаму се во тешка состојба, но подобро, од тоа што биле претходните денови.

-Денеска се малку подобри вестите, тие критични се малку подобро од вчера, но се во релативно тешка здравствена состојба, додаде Таравари.

Најнови вести од Македонија

To top