Македонија Светскиот турски медицински конгрес

Таравари одржа средба со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу

Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството, се наведува во соопштението од министерот Таравари.

Таравари одржа средба со министерот за здравство на Турција, Мемишоглу

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа поздравен говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството“.

„Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји,“ објави министерот Таравари преку социјалните мрежи.

Во рамки на активностите на 10. Светски турски медицински конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, д-р Кемал Мемишоглу.

Како што информираат од Министерството за здравство, на средата беше истакнато досегашното успешно партнерство и потврдена е заедничката заложба за понатамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со посебен фокус на спроведување заеднички проекти од взаемен интерес.

Во рамки на овој конгрес, Таравари оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак.

„На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството,“ се наведува во соопштението од министерот Таравари.

Најнови вести од Македонија

To top