Македонија

Таравари: Не верувам дека ЈЗУ Гинекологија Чаир набавува безбедносни камери кои што ќе снимаат аудио

Таравари: Не верувам дека ЈЗУ Гинекологија Чаир набавува безбедносни камери кои што ќе снимаат аудио

Не верувам дека ЈЗУ Гинекологија Чаир набавува такви безбедносни камери кои што ќе снимаат аудио, доколку евентуално има, ќе размислуваме дополнително за следните чекори, рече министерот за здравство Арбен Таравари, во одговор на новинарско прашање денеска на свеченото отворање на реновираниот дел на Универзитетската клиника за психијатрија.

Според Таравари, информацијата доаѓа од некој медиум којшто има тенденции да прикаже дека Владата сака да прислушкува и гледа што се работи во Јавно здравствената установа.

–Јас не верувам дека ЈЗУ Гинекологија Чаир набавува такви апарати за прислушкување, треба да одите да разговарате со директорката. Тоа е некој медиум којшто има некакви тенденции да прикаже дека нас не интересира да прислушкуваме или да гледаме што се работи во Клиниката. Не верувам дека има такво нешто, доколку евентуално има, ќе размислуваме дополнително за следните чекори, рече Таравари.

Најнови вести од Македонија

To top