Македонија полицијата работи на пронаоѓање на измамниците

СВР Куманово апелира повозрасните да пријават сомнителни случаи и да не наседнуваат на измами

Кумановската полиција денеска апелираше до граѓаните, особено повозрасните да бидат внимателни, кога им се јавуваат непознати лица, да не наседнуваат на измами во кои лажно им се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

СВР Куманово апелира повозрасните да пријават сомнителни случаи и да не наседнуваат на измами

Граѓаните реагираа откако на почетокот на неделава осумдесет и тригодишна кумановка беше измамена за 10.000 евра, откако измамник и се јавил и ја излажал дека ќерка ѝ имала сообраќајна незгода во соседна Србија. Таа му дала пари за наводната операција на ќерка и пред влезната капија од дворот. Кумановката сфатила дека е измамена откако се слушнала со ќерка си.

Во текот на 2023-та година биле година биле регистрирани една пријава за измама во Куманово, шест пријави за обид за измами од кои една на подрачјето на Крива Паланка.

-Според пријавите, сторителите се јавуваат на телефон, при што со лажно прикажување на факти ги доведуваат во заблуда граѓаните дека член од нивното семејство имал сообраќајна незгода и потребна е одредена сума на пари за да се изврши операција, објаснуваат од СВР Куманово.

На подрачјето на секторот во 2020 година биле регистрирани две пријави за измами за наводни сообраќајни незгоди, додека во 2021 година не е регистрирана ниту една.

Од полицијата велат дека преземаат мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измамите.

Најнови вести од Македонија

To top