Во пресрет на утрешниот празник Св. Климент Охридски вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се одржи свечена академија.
На свечената академија најавено е обраќање на претседателката во 18:30 часот.
Во рамки на чествувањето на празникот утре со почеток во 11:30 часот, делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институциите, дипломатскиот кор и на политичките партии ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ „Св. Климент Охридски“.
Празникот Св. Климент Охридски е прогласен за државен празник во земјава.