Македонија амсм

Суви коловози на патиштата, сообраќајот тековен

Суви коловози на патиштата, сообраќајот тековен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top