Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Денес остваривме средба со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и заменик претседателот на УСС – УКИМ Адам Стојановски.
Во тој контекст беше договорено од страна на УЈП да бидат организирани обуки со цел запознавање на студентите со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата Work and Travel. Обуките ќе започнат од 06.04.2026 година, понеделник.
Ќе бидат изготвени видео материјали и флаери кои ќе бидат дистрибуирани на студентите. Врз основа на пројавениот интерес од страна на претставниците на УСС – УКИМ, видео материјалите кои ќе бидат дистрибуирани до студентите ќе бидат изготвени од нивна страна.
Студентите кои не извршиле поврат на данок врз основа на извршена работа преку програмата Work and Travel имаат можност да обезбедат потврда за резидентност од УЈП како би можеле да го остварат правото на поврат на задржаниот данок од странската земја (со која имаме склучено договор за одбегнување на двојно оданочување). Разговаравме и за можностите за олеснување на плаќање по доспевање на обврската.
Претставниците на УСС – УКИМ презентираа идеја за формирање на работна група од нивна страна која би работела на законските измени кои се однесуваат на студентите во делот на доуредување на даночниот третман на доходот остварен преку програмата Work and Travel и побараа поддршка од страна на УЈП.
УЈП како сериозна институција даде поддршка на идни академски граѓани кои допрва ќе даваат сопствен придонес во градењето на здрав систем на однесување.
УЈП ги информира сите даночни обврзници кои оствариле приходи од странство дека по завршување на законскиот рок за потврда или корекција на ДЛД-ГДП пријавата за 2025 година постои законски рок за плаќање на обврската за данок, а тоа е 30.06.2026 година.