Данокот на немажени и неженети бил присутен во различни историски периоди и земји, најчесто како обид на државата да ги поттикне луѓето да се венчаат и да имаат деца.
Денес таков данок во класична форма е модифициран и некои земји имаат фискални стимулации за брачни парови, што може да се смета за индиректна форма на таков данок, како на пример во САД. Во некои случаи, венчаните парови плаќаат помалку данок отколку поединци со иста вкупна заработка. Во Франција, Германија и Јапонија има даночни олеснувања за брачни партнери и семејства со деца.
Во Сингапур има големи бенефиции за брачни парови.