Македонија Владата ВЕТИ 50% почист воздух во Скопје и 30% почист воздух во другите градови

Стојкова Серaфимовска: Оваа влада на СДС и ДУИ, дојде на власт ветувајќи чиста животна средина и чист воздух, но за жал останаа само на зборови

Никогаш не било полошо. Да се потсетиме дека само во изминативе години сите амандмани дадени од областа на животната средина не беа прифатени и изгласни од владејачкото мнозинство,а исто се случи и пред неколку дека во Советот на Град Скопје каде предложените мерки за ааерозагадувањето во Скопје беа гласани само од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојкова Серaфимовска: Оваа влада на СДС и ДУИ, дојде на власт ветувајќи чиста животна средина и чист воздух, но за жал останаа само на зборови

Скопје веќе повеќе од 10 дена е еден од најзагадените градови во светот, прв во Европа.Што прави Владата на СДС да се справи со воаа вонредна ситуација во која аерозагадувањето ги надминува сите предвидени мерки за здрава животна средина?Оваа Влада на СДС, дојде на власт ветувајќи чиста животна средина и чист воздух. Со особен осврт се зборуваше и се зборува за прашањата поврзани со животната средина. Но, за жал, Владата остана на зборови, истакна Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да потсетиме, Во планот за чист воздух, Владата ВЕТИ 50% почист воздух во Скопје и 30% почист воздух во другите градови во Македонија.

Па да почнеме од тука:

Прва мерка од Планот за чист воздух ќе биде според ветувањето на СДС, Студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу во Скопје, од мазут требаше да помине на систем за греење на природен гас. Тоа беше беше ветување и за болницата во Козле, како геријатрискиот дом во Ѓорче Петров, но ништо од тоа.

До сега, освен секакви ветувања, од овој План, не е реализирана ниту оваа мерка, а министерката во 2024 допрва ветува дека ќе почне со овој проект и негова реализација!?

Најпрвин мора да се истакне, дека документот т.н. План за чист воздух, претставува само обичен памфлет на желби, идеи за тоа што би сакале да се случува, но во никаков случај, овој документ не може да се нарече ПЛАН.

Бидејќи, секој план би требало да содржи конкретни мерки, програми, финансиски средства, надлежни институции, одговорни за реализација, параметри кои ќе се следат за реализација на мерките, верификација на резултатите од секоја спроведена мерка, алтернативни решенија, анализа на предизвици и можни ризици кои би се појавиле од секоја мерка, како мерката влијае на квалитетот на воздухот, како мерката влијае на останатите елементи за животната средина, како мерката економски ќе се оствари, дали мерката влијае на климатските промени. Ова го нема во нивниот тн. План за живот.

Овој план, нема ни П од план, туку претставува листа на идеи со кои некој од Владата сакал да си создаде алиби дека нешто ЌЕ се сработи.

Во воведот на Планот на Владата се вели, дека штетата од загадениот воздух, во Македонија се проценува на најмалку 300 милиони евра годишно. Оваа Влада вети формирање на Фонд за животна средина, кој ќе вложува во решавања на прашањата поврзани со загадениот воздух, но и другите елементи на животната средина. Но овој фонд не го видовме во изминатите 7 години ниту е оформен, ниту Владата одвојува средства за животната средина. Истата министерка за животна средина, пред некој месец, најави дека нема да се формира Еколошкиот фонд.

Ако престанеме да се лажеме и да веруваме на најавите на Владата, во 2019 во оваа програма беа предвидени само 2 милиони евра, од кои 1,5 милиони беа пренаменети, та секоја следна година, средсвата наменети за почист воздух се намалуваа.

Тоа се случуваше и со програмата Зелен развој, поднесена и предложена од ДУИ која магично ја снема во изминативе 7 години

Наместо да се прават мерки за намалување на загадувањето, оваа Влада, прави мерки за зголемување на загадувањето.

Прва мерка на оваа Влада, беше, да се намалат давачките за користење на Петрококс во Македонската индустрија. Што добивме со оваа мерка? Ги мотивиравме компаниите на Заеви во Струмица и други низ Македонија, да трошат повеќе вакво неквалитетно гориво?

Покрај тоа што го направивме горивото за Заеви поевтино, за сметка на тоа, што сега Струмица е најзагаден град во Македонија? Дали вредеше да му се зголеми профитот на Заев, за сметка на здравјето на струмичани?

Дали вреди да го зголемуваме профитот на компании – големи загадувачи за сметка на здравјето на нашите деца? Па зарем децата на СДС не дишат воздух овде?

До каде сме со законот за индустриски емисии? СДС имаше централна и локална власт истовремено, но не успеа да донесе закон за индустриски емисии. Нешто што е забелешка во сите извештаи на ЕУ!

Да потсетиме дека Владата на СДС и градската власт на Шилегов, на секој начин пробуваа да го уништат системот за централно греење во Скопје, со одземање на лиценци за дистрибуција, со превработувања (кои патем не знаат ни каде е компанијата) во ЕСМ во делот на топлификација на Скопје.

Во 7 години власт на СДС, испораката на природен гас низ Македонија, не мрдна ни милиметар. Природен гас се уште нема низ цевка ни во Велес, ни во Тетово, ни во Прилеп, ни во Битола, ни во Неготино…

Преку Фондот за иновации се испрани милионски суми, кои требаше да придонесат за почист воздух. Дали некој во оваа влада, следи што придонеле средствата кои се дадени од Фондот за иновации поврзани со квалитетот на чист воздух? Колку е почист воздухот заради тие милиони евра дадени?

Во планот за чист воздух се зборува за зелени површини. Па оваа влада го згасна проектот засади ја својата иднина со кој беа засадени милиони дрвца, а го замени со нелегална сеча на македонските шуми.

СДС и екологија?

Зарем треба да се сомневаме во способностите на СДС и ДУИ како Влада, кога гледавме како се справуваат со проблемите со Преспанското Езеро? Со решавање на македонските ресурси односно со нивно раздавање и препродавање?

Министерството за животна средина веќе 7 години работи како испостава на ДУИ за обезбедување концесии за компании блиски до власта, а никако во интерес на граѓаните.

За жал, нашите деца се уште се разболуваат од загадениот воздух.

Никогаш не било полошо. Да се потсетиме дека само во изминативе години сите амандмани дадени од областа на животната средина не беа прифатени и изгласни од владејачкото мнозинство,а исто се случи и пред неколку дека во Советот на Град Скопје каде предложените мерки за ааерозагадувањето во Скопје беа гласани само од советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top