Македонија

Стојкоски: Започна расчистувањето на опасниот отпад од село Орман во Ѓорче Петров, здравјето на граѓаните е најважно

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку статус на Фејсбук пишува дека започнал да се расчистува опасниот отпад од селото Орман во нивната општина.

Стојкоски: Започна расчистувањето на опасниот отпад од село Орман во Ѓорче Петров, здравјето на граѓаните е најважно

„🚜 ЗАПОЧНА РАСЧИСТУВАЊЕТО НА ОПАСНИОТ ОТПАД ОД С.ОРМАН

Стартувавме со процесот за целосна дислокација на опасниот отпад од акумулаторски батерии-оловна згура во селото Орман кој неодамна беше откриен од страна на инспекциската служба на Општина Ѓорче Петров во координација со Државен Инспекторат за Заштита на Животна Средина

🤝 Јавно сакам да се заблагодарам на Државен Инспекторат за Заштита на Животна Средина за одличната комуникација и координација на активностите.

Здравјето на граѓаните ни е најважно и нема да дозволиме ништо да ни застане на патот кон елиминирање на штетните влијанија и кон создавањето на здрава, квалитетна и еколошки одржлива животна средина.

Опасниот отпад ќе биде дислоциран по сите стандарди на друга локација која е предвидена за таков вид отпад. За таа намена, посебно е изработен и басен со бетонска подлога го геотекстил и геомембрана.
Очекувам за околу две недели целосно расчистување на локацијата. Наш приоритет остануваат исклучиво интересите на жителите на Ѓорче Петров“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top