Македонија

Стојкоски на средба со штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“

Стојкоски на средба со штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“

Градоначалникот на Ѓорче Петров преку статус на Фејсбук пишува дека денеска бил на средба со штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“.

❤️СРЕДБА СО НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД „ПОРАКА“ ❤️

😊Денеска ги посетивме штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”- Неготино со седиште во Волково, за каде обезбедивме пригодни новогодишни пакети со прехрамбени производи.

🤝Не пречекаа многу расположени и насмеани лица, кои што ни го разубавија денот. Навистина задоволство е да се помине утрото со овие лица на кои малку им е потребно за среќа.

🔴Овој центар е многу посветен на својата работа. Ќе работиме заеднички во иднина на повеќе проекти, со акцент на подигнување на свеста за животната средина, менување на навиките за чистотата и едукација за селекција на отпад.

❤️Празниците се можност да подаруваме и да си помагаме. Благодарност до општествено одговорните компании кои ни излегоа во пресрет во однос на донациите кои ги поделивме во центарот, а ние и во иднина ќе бидеме тука за да даваме поддршка на овие луѓе.

😊На нашите пријатели им посакав многу среќа, здравје и да ги исполнат сите цели кои што ги имаат за новата година, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top