Македонија Општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Финансиска поддршка за учениците

Се грижиме за нашите ученици, растеме со нив, расте и нашата поддршка, додаде Стојкоски.

Стојкоски: Финансиска поддршка за учениците

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес објави дел од неговата предизворна програма која се однесува за учениците.

-Во новата програма предвидуваме директна финансиска помош за секој првооделенец и полуматурант, со цел да олесниме на семејствата и успешен старт во основно, односно средно образование, објави Стојкоски.

Тој нотира дека останува мерката која веќе ја воведоа
– бесплатно ранче и прибор
– бесплатна ужинка за првачињата.

Се грижиме за нашите ученици, растеме со нив, расте и нашата поддршка, додаде Стојкоски.

👦 ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Во новата програма предвидуваме директна финансиска помош за секој првооделенец и…

Posted by Александар Стојкоски on Wednesday, October 8, 2025

To top