Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека Законот за јавни набавки никогаш немал потранспарентна и поширока консултација за негови измените.
Додаде дека како подносители на Законот го повлекле од скратена постапка и го пуштиле по редовна постапка во законодавниот дом.
-️ Имавме консултација со Државната комисија за спречување на корупцијата и побаравме да изработат антикорупциска проверка на Законот. ️ Забелешките на ДКСК се преточени во 3 комисиски амадмани кои ги опфатија скоро сите забелешки на Комисијата и истите беа прифатени од мнозинството на Комисијата за финансирање и буџет. Прифатен амандман од опозицијата (СДСМ) и внесен во Законот, вели Стојаноски.
Пратеникот додаде дека промените во овој закон се во насока на зголемувањето на транспарентноста, заострување на борбата против корупцијата и усогласувањето со европскиот план за раст.