Македонија

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ја менува економската филозофија со имплементација на капитални инвестиции – мисловен поим за „економските генијалци“ кои седум години не заковаа на дното

Економскиот раст наредната година ќе биде 3,7 % на што го базираме ова, третиот квартал оваа година имаме раст на БДП од 3%, четвртиот квартал ќе го завршиме со уште поголем економски раст, а веќе ефектот ќе го видиме во првиот квартал од наредната година кога на сите ќе им стане јасно дека со почнувањето на имплементацијaта на капиталните инвестиции, со покачувањето на платите, со подобрувањето на бизнис климата, ќе отидеме зошто и не над овој раст којшто сметаме дека ќе го оствариме, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, во рамките на денешната собраниска седница на која се дебатира Буџетот за 2025 година.

Тој појаснува дека пред да почне седницата Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпишала договори со десет директни странски инвестиции коишто во текот на наредната година или поточно во првите шест месеци ќе започнат со сопствена работа и изградба на нивните капацитети, но истовремено во текот на декември ќе бидат потпишани уште две дополнителни странски директни инвестиции со што бројката ќе се искачи на дванаесет.

-Дефицитот ќе биде 41,4 милијарди денари и замислете на буџет којшто е повисок од 2024 година 3,3 милијарди денари ќе биде помал, тоа значи дека на поголем буџет, дефицитот ќе биде помал отколку овој во 2024 година, тоа нема да го слушнете од овие генијалците за економија коишто седум години не заковаа на дното, прецизен е Стојаноски.

Стојаноски се осврна и на прходната страна од буџетот посочувајќи дека приходите ќе изнесуваат 5,8 милијарди евра или зголемување за 16% и објаснува дека истите за разлика од претходно кога во државата се толерираа шаторџии и топ листи-надреалисти, стрелци на црни листи, сега тие ќе се обезбедуваат преку плаќање регуларно данок за што сведочат и претходните пет месеци во кои приходите од даноци се покачија од 20 до 40%.

-Така ќе продолжиме и во наредната година и од таму ќе имаме повисоки приходи во буџетот. Даночните приходи, ќе отидеме во реализација- наплата 35 милијарди денари од тоа што е повеќе собрано од оваа година, односно 12,3% што значи дека никој нема да биде амнестиран и сте ќе си го платат данокот, концизен е Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top