Македонија

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикатите во собранието да им ги кажат забелешките, а тие преку комисиски амадмани ќе се обидат да го убедат мнозинството

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикатите во собранието да им ги кажат забелешките, а тие преку комисиски амадмани ќе се обидат да го убедат мнозинството

Во текот на вчерашниот ден почна комисиската расправа, со европско знаменце, по скратена постапка, за еден пакет на закони кои што треба да ја регулираат работата на државната администрација. Нешто кое што сметаме дека е апсолутно неприфатливо, без да има широка дебата во општеството во која што ќе бидат вклучени и чинителите кои што делуваат во овој дел од општеството, а уште повеќе е загрижувачки што се носи во мандат на техничка влада и апсолутно е би кажал, неетички ваквите законски решенија да се носат во една ваква постапка, ова денеска преку изјава до медиумите го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Ние ги примивме вчера писмата од синдикатите и побаравме веднаш да прекине со работа Комисијата и да се изгласа заклучок за одржување на јавна расправа каде што сите аргументи, дали биле од експертите, синдикатите и така натаму, би биле слушаните во рамките на Собранието и би биле преточени во амандмани. За жал, тоа беше одбиено од мнозинството, како што кажа и претседателот на Синдикатот од нивните познати причини. Затоа, ние одлучивме денеска со една директна комуникација да ги повикаме синдикатите да дојдат во Собранието, да ни ги кажат нивните забелешки и преку расправата во Комисијата, ние со комисиски амандмани да се обидеме уште еднаш да ги убедиме пратениците од мнозинството дека не треба да поддржат едно вакво предложено законско решение бидејќи нема да биде решение, туку ќе биде дополнителен проблем и на така проблематичната јавна администрација која што е вака организирана во моментот“.

Тој додава дека и во наредниот период пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отворена за соработка од овој тип и ќе ги повикаме сите оние кои што се заинтересирани да дојдат и да ги кажат своите забелешки, да не исконтактираат, ние ќе ги примиме во рамките на Собранието и на некој начин преку тие инструменти кои ни се дадени во Деловникот, ќе се обидеме да го запреме ова кое што се случува на ваков начин.

Најнови вести од Македонија

To top