Македонија

Стојаноски: Пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции на приватниот сектор

СДСМ во текот на изминатите денови покажа недржавничко однесување обидувајки се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта, катни гаражи, улици и други бројни инфраструктурни проекти, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Стојаноски: Пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции на приватниот сектор

-Пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции на приватниот сектор.

СДСМ во текот на изминатите денови покажа недржавничко однесување обидувајки се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта, катни гаражи, улици и други бројни инфраструктурни проекти.

Проектот за 250 милиони евра за општините годишно е одобрен од граѓаните на избори, а опозициската СДСМ во паника и уплав продолжува да работи против интересот на граѓаните, како до сега.

Во оваа прилика сакам да потенцирам дека, СДСМ нема никаков кредибилитет да зборува за задолжување затоа што тоа е партијата која јавниот долг го зголеми до рекордни 9 милијарди евра и над 60% од БДП. Ваквата алармантна состојба со јавниот долг допринесе за каматната стапка на последната еврообврзница што ја зема двоецот СДСМ ДУИ во 2023та година да достигне високи 6,25 т.е. речиси

100% повеќе отколку заемот кој денес сакаат да го спречат.

Почитувани граѓани и стопанственици, на огромно задоволство би сакал да ве известам дека обидот на СДСМ да спречи 250 милиони евра да завршат во општински проекти за подобрување на јавните услуги и инфраструктура и 250 милиони евра за евтини кредити за развој, раст и нови работни места во приватниот сектор не успеа.

Новото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија ќе продолжи да работи во корист на подобар животен стандард на сите граѓани безразлика на сите опструкции од опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, истакна Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top