Македонија Средба

Стојаноски- Паолучи: Парламентарното мнозинство ќе остане партнер со сите институции кои работат и помагаат во подобрување на условите за економски раст и развој

Стојаноски- Паолучи: Парламентарното мнозинство ќе остане партнер со сите институции кои работат и помагаат во подобрување на условите за економски раст и развој

Како Претседател на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетика остварив средба со г-дин Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светската банка во Република Македонија, информира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Директорот Паолучи ме информираше за извештајот “Business ready” кој е изработен од Светската банка, а кој ја анализира состојбата и условите за водење на бизнис во Република Македонија.

Воедно ме запозна со тековните активности на Канцеларијата како и идните активности кои планираат да ги имплементираат.

Парламентарното мнозинство ќе остане партнер со сите меѓународни и домашни институции кои работат и помагаат во подобрување на условите за економски раст и развој, потенцира Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top