Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

„Наместо да се грижат граѓаните да живеат побогато, да се реализираат капитални инвестиции, беа многу фокусирани на тоа што е можно повеќе да испокрадат“, заклучи Стојаноски.

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на седницата посветена за пратенички прашања, постави три прашања кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За своето прво прашање, тој побара став од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, околу зголемувањето на бруто платите во АЕК за 20%.

Стојаноски во однос на второто прашање, стави акцент за финансискиот пакет од Унгарија и постави прашање, колку компании биле опфатени и дали отпорот од одредени субјекти од опозицијата, не е ист со отпорот од дел од банките.

„Нема нешто што не го слушнавме и во Собранието, претседателе и во медиумите. Дека парите биле кинески, па дојде демант од унгарскиот премиер. Па дека парите ќе биле трошени за компании блиски до власта, па гледаме нов демант. Па дека ќе биле трошени без критериум, денеска излегоа критериумите“, потенцираше Стојаноски.

Стојаноски постави и трето прашање кое според него беше многу важно за македонската јавност.

„Дали имате информации за криминалот во РЕК и дали истражните органи работат на ова?“, праша Стојаноски и додаде дека минатата власт требала повеќе да се грижи за стандардот на граѓаните, а помалку за својот џеб.

„Наместо да се грижат граѓаните да живеат побогато, да се реализираат капитални инвестиции, беа многу фокусирани на тоа што е можно повеќе да испокрадат“, заклучи Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top