Македонија македонија

Стојаноски: Министерството за одбрана ќе ги награди припадниците на армијата кои беа вклучени во гаснењето на пожарите

Стојаноски исто така најави дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите, и ги истакна средствата кои се предвидени во буџетот за 2025 година.

Стојаноски: Министерството за одбрана ќе ги награди припадниците на армијата кои беа вклучени во гаснењето на пожарите

„Министерството за одбрана ќе ги награди сите припадници на Армијата кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите бидејќи тоа е една хумана дејност која што навистина бара еден поттик од институциите кога во вакви природни непогоди и појави се случуваат и кога се ангажира Армијата истите тие кои што се јавуваат на првата линија да бидат наградени, тоа се случувало во минатото таа пракса и ќе продолжи“, рече Стојаноски денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет.

Стојаноски исто така најави дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите, и ги истакна средствата кои се предвидени во буџетот за 2025 година.

„Од буџетот кои што доаѓа пред нас и за кои што ќе го изгласаме за 2025 година, тоа покачување најверојатно ќе биде од минимум 10%. За модернизација во Министерството за одбрана предвидени се 380% повеќе, за интеграција во НАТО 13% повеќе, за други градежни објекти 177% повеќе, за разни трансфери 157% повеќе што значи дека овој буџет од аспектот на Министерството за одбрана ќе биде историски највисок и за 20% повеќе од тој што е во 2024 година“ рече Стојаноски.

Тој нагласи дека буџетот за 2025 година од аспект на Министерството за внатрешни работи буџетот за плати ќе биде повисок за 24,3% повеќе.

„За реформи во полицијата за 240% повеќе поради тоа што сакаме да направиме една ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, основни плати за стоки и услуги во полиција за 42% повеќе, бидејќи патни и дневни расходи ќе се зголемат, комунални услуги, материјали и тековно одржување“ објасни Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top