Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Mакедонските граѓани ќе победат против криминалот и корупцијата, oчајноста на СДСМ продолжува до последен ден од нивното владеење

Стојаноски укажа дека носењето на овие закони, на овие инвеститори им се дава привилегирана положба, Република Македонија се става во подредена положба што е недозволиво по нашиот Устав и се суспендираат низа закони кои важат за сите останати во правниот промет.

Стојаноски: Mакедонските граѓани ќе победат против криминалот и корупцијата, oчајноста на СДСМ продолжува до последен ден од нивното владеење

Очајноста на СДСМ продолжува до последен ден од нивното владеење. Денес на Комисијата за економски прашања СДСМ ќе има повторен обид да ги протурка законите за стратешки инвестиции во енергетиката. Ова се закони со кои се нанесува децениска штета по енергетскиот сектор на Македонија, а служат само за богатење на најтесното раководство на СДСМ.
Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ и Фатмир Бетиќи го гледаат сопствениот лукративен интерес, а граѓаните плаќаат за 50% повисоки сметки за електрична енергија, а домашното стопанство се спасува како знае и умее, вели Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ без поддршка на останатите коалициони партнери турка закон со кој на грчка компанија ќе и се даде државна помош од близу 50 милиони евра, а дополнително и се гарантира откуп на произведената струја и топлинска енергија по цени далеку повисоки од реалните. Со останатите стратешки закони се дава плодна земјоделска почва за изградба на фотоволтаици каде повторно државата гарантира откуп на електричната енергија по високи цени. Ние како пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија алармиравме и предупредувавме за штетата која овие закони може да ја предизвикаат. Владата ги повлече законите, па и покрај забелешките на експертите, јавноста и Министерството за економија ги пушти истите текстови но со други потписницни, овој пат Битиќи и Шукова, рече тој.

Стојаноски укажа дека носењето на овие закони, на овие инвеститори им се дава привилегирана положба, Република Македонија се става во подредена положба што е недозволиво по нашиот Устав и се суспендираат низа закони кои важат за сите останати во правниот промет.

-Ќе поднесеме 40 амандмани во кои се вметнати забелешките на низа експерти од различни сфери на општеството, кои доколку би се усвоиле и би се вметнале во овие закони, би гарантирале нормално имплементирање на овие закони. Сакам да истакнам дека ПГ на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги превземе сите процедурални, демократски и собраниски процедури за да го спречи носењето на овие криминални закони. Пратениците на СДСМ се на ред да покажат дали се послушници и ќе одработат за џебовите на раководството или достоинствено ќе го завршат својот мандат. На 8 мај македонските граѓани ќе победат против криминалот и корупцијата, а од 9 мај не чека многу работа за враќање на Македонија на вистинскиот пат, рече Стојаноски.

Најнови вести од Македонија

To top