Македонија

Стојаноски: Македонија има најниски цени на горивата во регионот, од генератор на кризи прераснува во фактор на стабилност

Република Македонија во моментов располага со доволни државни нафтени резерви за да го опслужи вкупниот конзум на нафтени деривати, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски.

Тој истакна дека државата, за разлика од минатото, покажува стабилност и дека довербата на граѓаните е оправдана.

-Факт е дека од земја која беше генератор на кризи, сега покажуваме стабилност, нагласи Стојаноски.

Според него, Владата навремено реагирала и обезбедила доволно резерви, што овозможува непречено снабдување со електрична енергија во период од најмалку 30 дена. Тој додаде дека актуелната состојба се разликува од кризата поврзана со војната во Украина, бидејќи нема директен недостиг на енергенси.

Стојаноски посочи дека ценовната стабилност се одржува преку неколку клучни точки:

Македонија има најниски цени на горивата во регионот, цените на дел од прехранбените производи зависат од берзанските движења, врз кои државата нема директно влијание, преку намалување на ДДВ и дијалог со пазарните учесници се одржува стабилноста на нафтениот пазар.

Тој заклучи дека и покрај глобалните економски предизвици, Владата успева да ја задржи контролата врз цените и снабдувањето, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во продолжение погледнетеја прремиерата од гостувањето на Стојаноски во Наткаст:

Најнови вести од Македонија

To top