Денеска во Собранието пратеникот Бојан Стојаноски имаше средба со Директорот на Германското друштво за меѓународна соработка г. Давид Оберхубер и Марија Ристеска – Извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики со нивна делегација.
-Задоволство ни е што за финализирање на овој клучен елемент од реформата, нашата држава добива директна поддршка преку проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници“, кој се спроведува од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), изјави Стојаноски
Проектот, кој е дел од Германската развојна соработка, обезбедува техничка и финансиска поддршка за развој на системот кој ќе биде клучен инструмент за олеснување на формализацијата на трудот во секторите опфатени со законот.
Со вкупен буџет од 180.000 евра кој е грант, наменет за развој или прилагодување на информацискиот систем, очекуваме да се обезбеди целосната техничка поддршка потребна за имплементација на законската рамка.
Освен техничкиот развој, проектот со дополнителен буџетски фонд предвидува и активности за промоција на реформата, како и едукација и информирање на засегнатите страни – работодавачи, работници и јавни институции кои ќе продолжат со користење и одржување на системот.