„За жал покрај другите скандали ова е еден од најсериозните скандали кои се случија. На доказ дојде корозниот систем во кој една клика на криминалци кои се залутани во политиката одлучија да делат правда со боксови односно нивниот европски нарав да го докажуваат со најверојатно европски манири од Мала Речица делејќи боксови во една од институциите која е од критичен карактер за безбедноста на Република Македонија“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашната емисија „За или против“ на Телевизија Алфа.
Стојаноски посочи дека со ова се гледа целокупниот нарав во кој се наоѓа Владата на Република Македонија.
„Тоа што се случи и тоа што отпосле може да го видиме како актуелност во кој овие од Мала Речица веднаш се повикуваат на национализам бидејќи тие што биле тепани исто така биле Албанци, а додека овие другите го шетаат нивниот претседател и се уште уште некој 20-тина дена премиер низ Република Македонија да дава одговори од типот прашајте ги надлежните од тие институции заборавајќи дека тој е надлежен за сите институции кои ги координира или каде Владата се јавува како основач на тие институции, кажа Стојаноски.
Тој додаде дека се гледа еден срам на правосудството.
„Политичката партија ДУИ 20-тина години наназад работи на инсталирање на свои кадри во правосудството и обвинителството во Република Македонија и тоа им одговара на сите корумпирани политичари во изминатите 20 години каде наместо интересот на народот го гледале личниот интерес и таа партија тоа го користи како инструмент за преговори со политичките елити кои наместо да работат по закон работеле надвор од нивните норми“, истакна Стојаноски.
Стојаноски посочи дека оваа багра на луѓе треба да биде конечно сопрена и оваа држава треба да престане да биде роб на овие криминалци.
„Ако овој што го организирал нападот и тепал каде работи во институцијата и ги напаѓа колегите кои работат во таа институција и нема никаква мерка да не се појавува на работа дали тоа не е влијаење на сведоци? “, запраша Стојаноски.
Тој запраша за тоа во која друга држава е можно да има влез и напад на вработени во контрола на летање?
„Во која друга држава е можно поранешен министер, претседател на партиски огранок да влезе во контрола на летање, да нападне вработени каде во моментот имало 40 летови, превезувале патници над небото на Република Македонија и да биде испратен дома со извинување од судот? Не знам која е таа мерка на претпазливост која него му е одредена, дали му е одземена патната исправа, јас не слушнав што тој човек треба да прави дали треба да се пријавува во судот“, дециден е Стојаноски.
Тој заклучи дека во секоја нормална држава ова не е акт на загрозување на воздухот само туку акт и на тероризам.