Македонија Платформа 1198

Стојаноски: Економијата и животниот стандард ќе бидат во фокусот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Тој нагласи дека економскиот стандард и економијата се во сериозен фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски: Економијата и животниот стандард ќе бидат во фокусот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Бојан Стојаноски денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и наредната Влада многу сериозно ќе ги поддржи стопанските субјекти.

-Предвидуваме во нашата Платформа 1198 креирање на нови 50.000 работни места како и економски раст од пет проценти. Тоа значи дека работниците ќе земаат поголеми плати, а економските субјекти ќе имаат поголеми профити, посочи Стојаноски.

Тој нагласи дека економскиот стандард и економијата се во сериозен фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

To top