Потврдата дека Стево пали на курбла, пристигна денеска. Вчера, токму од Тетово, го прашав што направи за малиот генијалец Македон и што презеде за случајот, со кој во модуларната болница изгореа 14 ваши сограѓани. Од кај него ми одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и ни порачаа да сме гледале „Јутјуб“, истакна носителката на ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во нејзиното обраќање на вечерашниот митинг во Тетово и додаде дека Пендаровски малиот генијалец од Тетово Македон го искористи и само се сликаше за личен ПР.
„Е па, еве, да го потсетам Стево дека малиот Македон го искористи за сопствен ПР и првично само се сликаше со него, за да после поминати повеќе од половина година, под притисок од јавноста, му додели награда за млади таленти. Притоа, Стево порача дека, цитирам: „Неопходно е институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.“ – завршен цитат. Претседателот на „нивните“ – за кои сѐ уште немаат обезбедено учебници. Каков цинизам“, потенцираше Стојаноска.
Таа исто така додаде дека Пендаровски ништо не презеде и за опожарената модуларната болница во Тетово со цел да ги заштити Заев и Филипче.
„Што се однесува за случајот со модуларната болница, точно е дека дојде вечерта во Тетово, повика на одговорност и толку. Е, тука не помогна ни курблата, ни полињата со сончевите колектори, ни фотоволтаиците на тачевци. Тука требаше само да се молчи и да се сокрие одговорноста на Филипче и Заев, а за се’ да се обвини кабелот и да се малтретира др. Боби Вучевски, вистинскиот ковид – херој за Тетово“ истакна Стојаноска и додаде:
„За случајот со онкологија, пак, каде буквално биле убивани болните од карцином, Стево не ни бекна. Ете тоа е Стево – курбла. Претседател наш – „голем“ маж! Затоа – не, благодариме! Стево – нула два, никогаш не беше и не може да биде наш. Тој беше сечиј, само наш не. Затоа, Стево, пакувај тоа куферите и бегај што подалеку од Македонија, бидејќи и самиот си кажа дека би ја напуштил, да не си бил нејзин претседател“.
Стојаноска исто така истакна дека на Македонија и е потребен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова која беспрекорно ги знае законите и принципите на владеење ги гради врз нив, а воедно упати и порака до кандидатката за претседателка да нема милост кон неправдата.
„Вашата харизма и аргументираност со особено внимание ја следеле многу светски политичари и експерти. Токму тие квалитети и’ се потребни на Македонија. Вашата целосна посветеност на правото е неопходна за ставање на Македонија во рамките на негово владеење. Без правен систем не може да функционира ниту еден друг. Нѐ воведоа во еден таков хаос, од кој само Вие можете да не’ извлечете. Вие имате прецизни аргументи, добра понуда од програма, силна желба за промени и одлучност истите да ги спроведете. Да немате милост кон неправдата. Да сослушате секого. Да одмерете неколку пати. Да донесете одлука на крајот. Таа одлука да биде конечна, а Вие да застанете цврсто зад истата и да не попуштате пред никого. Од Вас тоа се очекува“, порача Стојаноска.