Можам да потсетам на многу пораки испратени од високи државници кои изминатиов период не посетиле, го имаме и последниот извештај на Европската комисија, со многу опомени, многу пораки дека патот кон ЕУ не води преку криминал и корупција. Нема странски висок претставник кој не посветил внимание на тоа, изјави пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за „Отворено“ на ТВ24.
Таа истакна дека криминалот и корупцијата не се сузбиваат со бугарскиот договор и внесување на Бугарите во Устав, Македонија уште повеќе потона по тоа прашање, а во меѓувреме гледаме само криминал, корупција и партизација.
– Дали СДС и ДУИ мислат дека е европска вредност што сега огласите се полни со вработувања во институциите со највисоки плати? Нели критикуваа за партизација, а што прават сега? Што правиме со криминалот, корупцијата, партизираните институции, немање економски проекти, ништо не е реализирано, имаа најголеми буџети досега и ниту еден капитален проект не е реализиран, изјави Стојаноска.
Стојаноска посочи дека оваа власт е одговорна за одговорна за ниската доверба во институциите, за 2% доверба во судството, имаа скандал во Судски совет кој е невиден преседан и затоа најважно од идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ најважни се ослободување на институциите и борбата против корупцијата и криминалот.
– Сметам дека прво треба да се завршат домашните работи, да се расчисти со криминал, корупција, непотизам затоа што кога тоа ќе го средиме ќе станеме посериозна држава на која зборот ќе и вреди. Да не се замајува јавноста дека не влеговме во ЕУ заради уставните измени. Сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ победува на избори и приоритет е да се покаже дека не се сите исти, дека ќе има борба со криминал и корупција, ослободување на институциите, да се дозволи правично судење на политичките затвореници, изјави Стојаноска.