Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за вестите на Алфа од денешната промоција на програмата „Платформа #1198“ изјави дека проектите во програмата се креирани заедно со граѓаните, резултат се на бројни одржани средби, консултации, истите се реални и покажуваат дека граѓаните се на прво место, односно како што рече програмата е направена од граѓаните за граѓаните.
-Со оваа понудена програма ВМРО-ДПМНЕ реално ќе инвестира наместо да има непродуктивни трошоци на кои бевме сведоци изминативе 7 години и кои не доведоа до состојба секој трет граѓанин да живее на раб на сиромаштија. Инвестиции, 55.000 нови работни места, задржување на рамниот данок, ќе станеме земја со најниски даноци за граѓаните и бизнисот, а растот на БДП до 5% на годишно ниво, изјави Стојаноска.
Стојаноска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе започне со изборот на соодветни и квалитетни кадри на соодветните ресори, а најави и нов ресор кој ќе се грижи исклучиво за социјални политики, демографија и за младите.
-Покрај економијата горлив проблем и тоа ќе биде е демографијата. Залудни би ни биле проектите ако нешто не се преземе за да се спречи одливот на младите, да ги задржиме, а и да се вратат оние кои во меѓувреме си заминаа чекајќи го животот кој беше ветен од актуелната влада, потенцираше Стојаноска.