Македонија „Анализа“

Стојаноска: Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле, народот го увиде тоа и знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи разлика во државата

Ние во програма имаме укинување на економски директори, укинување на фиктивни функции. Инспекторатите ќе се намалат, колку министерства толку инспекторати, изјави Стојаноска.

Стојаноска: Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле, народот го увиде тоа и знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи разлика во државата

Неслучајна беше поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја доби на изборите. Претходната власт на СДС имаше порази на секое поле, да не зборуваме и за економијата, водеа поданичка политика и народот го увиде тоа и затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата. Очајот на СДС се гледа и по тоа што ни Конгрес не можеа да одржат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за „Анализа“ на ТВ24.

Стојаноска истакна дека одлуките кои ќе ги носи ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат избрзани, туку мудро донесени во корист на граѓаните и затоа внимателно се бира кои ќе бидат носители на функции.

-Секој кој ќе добие функција ќе биде компетентна личност, личност која нема валкан багаж, која ќе знае да се соочи со тоа што го очекува, да ги обелодени криминалите на претходната власт и ќе знае да менаџира. Најважното е дека ќе се изберат личност кои не треба да грешат, затоа што нема простор за тоа, рече Стојаноска.

Во однос на реорганизацијата на министерствата и институциите, Стојаноска истакна дека СДСМ не поднесоа ниту еден амандман иако имаа време за тоа.

-Да се потсетиме дека по скратена постапка носеа закони кои немаа никаква врска со тоа, а сега скратената постапка беше нужна заради Уставот. Нови се само две министерства, другото е реорганизација. Тоа значи дека Култура и туризам одат заедно, и така ќе се развива туризмот. Ние во програма имаме укинување на економски директори, укинување на фиктивни функции. Инспекторатите ќе се намалат, колку министерства толку инспекторати, изјави Стојаноска.

Најнови вести од Македонија

To top