Вчерашниот ден Дафина Стојаноска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во Изборната единица 6 за парламентарните избори, го искористи и за средба со Здружението на угостители од Тетово.
„И оваа категорија на граѓани се крајно разочарани од изминатите 7 години. Незадоволни се од третманот, од антикризните-ковид-мерки, од селективните инспекциски надзори и казни и од нереалната конкуренција, т.е. дозволената сива економија“, се наведува во соопштението испратено од нејзиниот тим.
Во соопштението истакнуваат дека угостителите бараат нивна инволвираност при носењето идни законски решенија, како и изнаоѓање соодветно решение за креирање угостителски кадри, нивно вработување и задржување на работните места, бидејќи имаат проблем со излевањето на вакви кадри, особено во летниот период.
-Велат дека клучот го имаат ставено во брава, а дали конечно ќе заклучат или не, единствено зависи од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме им биле последната надеж, потенцира во соопштението тимот „Твоја Македонија“ изборна единица 6.