Македонија

Стојаноска: Гордана Силјановска Давкова е жена со став и интегритет која достоинствено ќе не претставува во светот

Стојаноска: Гордана Силјановска Давкова е жена со став и интегритет која достоинствено ќе не претставува во светот

„Во 2019 година професорката Гордана Силјановска Давкова не изгуби туку изгуби Македонија и можеби тоа лошо се случи за арно, за сега после 5 години од 2019 година од кога го добивме и сеуште го имаме актуелниот претседател на државата кој јас во претходната панел дискусија го квалификував како мумија од претседател“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во изјава за вестите на МРТ 1.

Таа потенцираше дека добро е што народот увиде и добро е да се направи разликата што значи да се има претседател на држава како Стево Пендаровски или претседателка на држава како Гордана Силјановска Давкова.

„Прво морам да потенцирам дека на панелот зборував и за традицијата и ми дојде една симболика помеѓу тешкото како една од најголемите македонски симболи. Тешкото е симбол на тоа кога нели младите заминувале во странство, маката нивните родители ја претставувале преку играњето на тешкото. Во Македонија во изминатите 5 години имаше ситуации каде нацијата беше во тешка состојба но немавме некој да не поведе“, кажа Стојаноска.

Таа е децидна дека Гордана Силјановска Давкова во 2019 година кога на ВМРО-ДПМНЕ му било најтешко се придружила и станала ороводец на новата приказна на ВМРО-ДПМНЕ која сеуште не е завршена.

„Гордана Силјановска Давкова како пратеничка е жена со став, интегритет и жена која никогаш не премолчила кога таа смета дека е во право и тоа го докажвуа и затоа сметам дека ова е последната шанса да избереме претседател кој достоинствено ќе не претставува во светот“, заклучи Стојаноска.

Најнови вести од Македонија

To top