Македонија Гостивар

Стојаноска: Да ја избереме Силјановска Давкова за претседател, за да покаже дека е возможно да се направи дистанца помеѓу државата и партијата, за разлика од Пендаровски

-Вие сте избор на народот. Вие сте новата Македонија горда, исправена и достоинствена. Вие сте се за што претседателот Мицкоски зборува изминативе 7 години. Вие сте знаење, мудрост, искуство, сигурност, аргументираност, љубов, топлина, сочувство, емпатија, грижа, посветеност, гордост, рече Стојаноска.

Стојаноска: Да ја избереме Силјановска Давкова за претседател, за да покаже дека е возможно да се направи дистанца помеѓу државата и партијата, за разлика од Пендаровски

-Стево Пендаровски ништо не стори за младите, ништо не стори за возрасните. Не реагираше пред ниеден скандал и криминал, и не изрезили секаде кај што се појави, а и таму каде што не се појави. Ќе го запаметиме како најнемиот претседател и како претседател кој ниту еден ден не беше наш, беше од Бојко, беше од мафијашите во Владата, ама наш – никогаш не беше! Доста е од резил-Стево! Затоа, на 24-ти април да му ги собуеме чевлите, а на 8-ми мај, усвет нека фати, порача Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 во Гостивар во рамките на претседателската кампања.

Стојаноска во текот на своето обраќање се осврна на професорката Гордана Силјановска Давкова каде истакна дека професорката Силјановска Давкова е изборот на народот.

-Вие сте избор на народот. Вие сте новата Македонија горда, исправена и достоинствена. Вие сте се за што претседателот Мицкоски зборува изминативе 7 години. Вие сте знаење, мудрост, искуство, сигурност, аргументираност, љубов, топлина, сочувство, емпатија, грижа, посветеност, гордост, рече Стојаноска.

ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го обелоденува криминалот на раководните лица на ДУИ и доколку тој продолжи по 8 ми мај Македонија и граѓаните ги чекаат уште полоши времиња.

-Ние го обелоденуваме криминалот на раководните лица во ДУИ кој е една од причините што, посебно во нашиот регион, има масовно иселување на чесен, работлив народ, без разлика на неговата припадност. Доколку ова продолжи после 8-ми мај, верувајте дека не чекаат уште полоши времиња. Тие криминалци само се кријат позади гола политичка реторика и националшовинизам. Тие, заедно со СДСМ, синхронизирано немилосрдно пљачкаа, распродаваа и уништуваа. Тие изминативе 6 и пол години беа најголемата елементарна непогода. Мора да се стави крај на ова! Затоа велам: Ние не сме против никого! Ние сакаме да владее законот и да се врати редот во општеството. Сакаме мирен живот и соживот, вели таа.

Стојаноска дополни дека ВМРО-ДПМНЕ по големиот изборен резултат ќе понуди коалиција со сите кои ќе се обединат против криминалот.

-ВМРО-ДПМНЕ, после големиот изборен резултат, ќе понуди коалиција со сите кои со нас ќе се обединат против криминалот и корупцијата. Таквиот сојуз може да го одбијат само оние кои сториле криминал и кои се плашат од одговорноста заради тоа. Единствено за што ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет, тоа е коалиција со криминалци. И, ако некои партии тука се пронаоѓаат, тогаш проблемот е кај нив, а не кај нас. Најбитно е што народот е на наша страна и што од нас бара борба со криминалот, кажа Стојаноска.

Најнови вести од Македонија

To top