Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”, дали и сега манипулираат во соработка со него?

„Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред“ – вели Стоилковски.

Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”, дали и сега манипулираат во соработка со него?

СДС затоа што ја загубија поддршка од народот, не значи дека треба да го загубат разумот. Манипулираат и лажат, и целосно недостоинствено се служат со лажни вести, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”. И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Сиљановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев. Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година. А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев? Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги, вели тој.

„Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред“ – вели Стоилковски.

To top