Македонија

Стоилковски: СДС откако го инсталираше дезертерот Ковачевски, сега го инсталира дезертерот Џафери за премиер

Стоилковски: СДС откако го инсталираше дезертерот Ковачевски, сега го инсталира дезертерот Џафери за премиер

СДС забегува со штетите кои што ги нанесува на Македонија. Избега од бришење на срамен проект пржинска влада за Талат Џафери да го стават за премиер. СДС откако го инсталираше Димитар Ковачевски, без избори, сега го инсталира Талат Џафери за премиер, и тоа само по одлука на Мала Речица, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека и ова не е единствената точка на истоветност помеѓу двајцата, додавајќи дека на јавноста веќе и е познато дека и Џафери како Ковачевски беше дезертер од Армијата.

-Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел, истакна Стоилковски.

To top