Македонија вмро дпмне

Стоилковски: СДС и ДУИ снимаат проевропски реклами, а шверцуваат петарди и МНАВ го гледаат како Македонска неофицијална Агенција за вработување

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ прашан на новинарско прашање за скандалот каде раководни лица од МНАВ си поднесоа оставки јасно одговори дека СДС и ДУИ го гледаат МНАВ како Македонска неофицијална Агенција за вработување.

– Во владата снимаат демек проевропски реклами, а шиткале петарди. ДУИ и СДС како и до сега, повторно на контролата за летање гледаат Македонска неофицијална Агенција за вработување!Ова е таканаречениот европскиот призвук, екотот на проевропската коалиција СДС ДУИ, и веројатно за тоа ќе ја известат и ЕК. Да потсетиме дека така европски СДС и ДУИ се посомневаа во Евроконтрол и тестирањето во Данска минатата година каде наместо децата на ДУИ и СДС влегоа други кандидати, па дури и бараа докази од Данска!Постојано има скандали со огласите и приемите во МНАВ, каде напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните.И лани имаше скандали со вработувања, а претходно да потсетам, скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како роднините на министерот Љупчо Николовски беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ.Почитувани, никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, потенцираше портпаролот Стоилковски.

To top