Македонија Вечните „свиркачи“ на СДС

Стоилковски: Пет можни групи „свиркачи“ „вработени во безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски

Опа! Прашање добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица. Види богати. Да се запраша човек како тоа СДСМ вечито кога е во опозиција има „свиркачи“ во „безбедносно-разузнавачката заедница“? Или дали можеби и таа е „заедница“ со именувањето на Христовски се почувствувала „маргинализирана“ и „неудостоена“ како што била во времето на СДСМ и Викторио Димовски, на пример?

И тука ми се создаде слика за пет можни групи „свиркачи“ „вработени безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски, а сето поттикнато од сѐ она што излезе во јавноста како огромен скандал поврзан со АНБ со СДСМ и со Виктор Димовски.

Стоилковски: Пет можни групи „свиркачи“ „вработени во безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски

Во еден од последните „воени покличи“ од Славјанка Петровска, пратеник и ексминистер од СДСМ за одбрана, против именувањето на Бојан Христовски таму каде што е именуван, во АНБ, спомена нешто што ми зачкрипе во ушите. Конструкцијата одеше некако вака, имале многу прашања од значење за иднината на државата, во интерес на јавноста… (па следи чкрипежот).

„Едно од тие прашање е добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица“ (буквално дел од текст копиран од соопштението по пресот на Славјанка П. од партискиот сајт на СДСМ).

Опа! Прашање добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица. Види богати. Да се запраша човек како тоа СДСМ вечито кога е во опозиција има „свиркачи“ во „безбедносно-разузнавачката заедница“? Или дали можеби и таа е „заедница“ со именувањето на Христовски се почувствувала „маргинализирана“ и „неудостоена“ како што била во времето на СДСМ и Викторио Димовски, на пример?

И тука ми се создаде слика за пет можни групи „свиркачи“ „вработени безбедносно-разузнавачката заедица“ на СДСМ против Бојан Христовски, а сето поттикнато од сѐ она што излезе во јавноста како огромен скандал поврзан со АНБ со СДСМ и со Виктор Димовски.

Прва можна група прашувачи: Дали членовите „Свиркачи“ од оваа „Заедница“ блиска до СДСМ има врска со тоа што не си ја завршила работата кога над 215 белосветски мафијаши по коишто има светски потерници, влегле во Македонија, за да завршат во подрачни на МВР? Но секако не за да бидат фатени, туку за да се фотографираат и да им бидат издадени легитимни легални македонски пасоши, со легитимен македонски идентитет од македонски државјани. Како? Едноставно, „заедницата“ си преспала во најмалку 215 пати! Ама затоа знае – веројатно затоа СДС прашува – каде бил Бојан Христовски на определен ден дали минал граница? Дали можеби имале задача само да премижат 215 пати, барем за овие случаи, или можеби и ги обезбедувале? Дали се тие свиркачите?

Одиме понатаму со втора група „свиркачи“. Дали можеби овие членови „вработени безбедносно-разузнавачката заедица“, блиски односно „свиркачи“ до СДСМ, се истите оние кои минаа неказнето во времето на Викторио Димовски, за тоа што правеа безбедносна проценка и дадоа „зелено светло“ за државјанство на Онишченко? Да, за Олександар Романович Онишченко, оној Украинец од црната листа на САД, којшто по една цела година проверки од АНБ на Викторио на СДСМ, доби одобрение да му се издаде државјанство заради „покажан интерес и успех“ и развој на спортот. Коњички спорт, од јаваме јако. Да потсетам, Владата на СДСМ, во чијшто состав беше токму и Славјанка, донела одлука по претходна проверка од АНБ, а постапката траела над една година. Тие ли ѝ се сега „свиркачите“ кои поставуваат прашања?

Третата група можни свиркачи од „заедницата“. Оние од „заедницата“, безбедносно-разузнувачи, свиркачи на СДСМ, имаат за објаснувања за скандалот од 2019 година поврзан во Ерменија, кога тројца македонски дипломати со приватен авион ги „извлекоа“ од земјата Бранислав Димитријевиќ, обвинет за измама во Ерменија, ама и ерменскиот дипломат Левон Саркисјан, братот на поранешниот ерменски претседател вмешан во многу корупциски скандали. Да потсетам, таа 2019 Виктор Димовски доаѓа на чело на АНБ, од позицијата Државен секретар на МНР! Па има ли поинтересно поврзување – дипломат и разузнувач? И секако нема врска тој со скандалот, којшто се забошоти. Па имаат ли и овие лица можеби врска со „заедницата“ и со „свиркачите“ на СДСМ?

За четвртата група „вработени безбедносно-разузнувачи“ можни свиркачи од заедницата, би се навратил на уште еден случај, а тоа е скандалот „Жолто комбе“ во Германија и во ЕУ. Според емисијата „Код“ и написи во портали од 2021 година постои преписка меѓу германското БНД и АНБ за македонски оперативци коишто во период во 2019 година со комбе на МВР биле поставени во близина на Бундестагот во Берлин, а за што имало и истрага за нивното делување во повеќе држави на ЕУ. Имено, според написите, македонски оперативци подолг период следеле институции и ситуации во земји пријатели на Македонија. Документите за аферата „Жолто комбе“, односно за оперативци на МВР кои следеле цели во повеќе држави во и надвор од ЕУ се пронајдени при претресот на домот на една (тогаш) пратеничка од СДСМ заради еден друг криминално коруптивен предмет. Тие информации во јавноста, дека македонските служби работеле за трета земја која не е членка на НАТО, не беа демантирани. Дали можеби смената во АНБ ги прави ранливи и можеби вмешаните во овој скандал оние „вработени во безбедносно-разузнавачката заедица“ за да бидат сега „свиркачи“ против именувањето на Христовски, на местото на Димовски В?

И последната група на можни „свиркачи“ на коишто вака, на прва, ми паднаа на ум, коишто можеби бараат заштита од СДСМ со смената на Виктор Димовски и именувањето на Бојан Христовски, се оние за коишто токму Димовски како директор на АНБ директно се закани кон пратеник. Тој, за потсетување, се закани со кривична пријава против пратеник од ВМРО-ДПМНЕ за откривање на идентитетот на агенти на АНБ, затоа што пратеникот ги навел дека вршат незаконско следење на (тогаш) лидерот на опозицијата, претседaтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Дополнително, пратеникот беше заменик-претседател на надзорната комисија за работата на АНБ и АР. Не дали е вистина или не, не дали да се провери скандалот, туку со закани кон пратеник којшто наведува дека лица од АНБ следат лидер на опозиција. Тоа пак, повторно е многу блиску до еднаш поставеното прашање, дали наместо да си ја работат работата, АНБ следела што прави Бојан Христовски, на пример? А сега кога е назначен за прв човек на Агенцијата, тие „вработени во безбедносно-разузнавачката заедница“ да се свиркачите на СДСМ?

Да сумирам, ова се петте (најмалку) групи кои може да се против именувањето на Бојан Христовски во АНБ. Но и ова покажува дека наместо да се реформира, Агенцијата со СДСМ не работела или работела нешто што не ѝ е должност, а скандалите се туркале „под тепих“. Веројатно има уште многу за коишто друга група „вработени безбедносно-разузнувачи“ би можеле да ги кажат за функционирањето на АНБ со СДСМ на власт, но имаат доблест каква што можеби не сите во „заедницата“ ја имаат.

Јас не сум близок со „заедницата“ ниту во политичкиот, ниту во новинарскиот дел од мојот живот, но доволно ги познавам општествените состојби и имам искуство за да можам да посоветувам. Топло им препорачувам на СДСМ, на Славјанка и другите од таму, токму сега кога веројатно ви почнува процесот да се реформирате како партија, бегајте што подалеку од таа „заедница“ во партиските активности. Никогаш до сега не ви донела добро. Ниту вам, ниту на Македонија.

А на Бојан Христовски му препорачувам добро да ги собере теписите во АНБ во ролна и воопшто да не „ги тресе“, туку да ги исфрли надвор. Едно што е модерно да нема теписи, туку и така веќе ќе нема место за криење на сметот. (плусинфо)

Најнови вести од Македонија

To top