Македонија

Стоилковски: ЕУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедност на небото, лажната проевропска коалиција СДС – ДУИ сакаше да инсталира партиски војник без квалификации за директор

Стоилковски: ЕУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедност на небото, лажната проевропска коалиција СДС – ДУИ сакаше да инсталира партиски војник без квалификации за директор

Лажната проевропска коалиција СДС и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон Загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија. Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што цела недела НАТО држави се загрижени за безбедноста на македонското небо, а ЕУ бара итно расчистување на корупцијата, кронизмот во Македонската навигација. А, каков е одговорот на лажните проевропејци од СДС- ДУИ? По цела недела укажувања, Владата се обидува повторно да инсталира член на партиските банди за директор без потребни квалификации! По цела недела укажувања, нема вистински правен одговор за Загрозување на меѓународниот авиосообраќај. Цела недела мина од насилниот упад на партиска банда на ДУИ предводена од Беким Незири и 7-мина од блиските на врвот на ДУИ, цела недела нема правна разрешница, а Владата на сила турка формулација „колегијално кошкање“, вели Стоилковски.

Тој додава дека ова е срамно, но и безбедносно прашање.

-Но повеќе и од лажните пророци за европски вредности никој и не очекува. Вистинска правна разрешница ќе има по изборите. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, вели Стоилковски.

To top