Македонија по 7 години со СДС и ДУИ на власт доби девет нули од ЕК, што значи дека не сработеле ама ништо. По 7 години со СДС, единствен регистриран раст има корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот, протекционизмот. Македонија е доволно голема за овие случаите да излезат на виделина, како на пример во Охрид, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
„1. И оттука, главен вработувач во Охрид е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, чијашто роднина е Кристина Крлеска Деспотоска, главна на охридската филијала на СДС. Според охриѓани, тоа бил и единствениот услов за поставување на Претседател на ОО СДСМ Охрид, на Деспотоска. Таа од пред 8 месеци е Директор на централен регистар Охрид, но веќе е покрената истрага од надлежните институции, заради сомнеж за фалсификувани документи. 2. Лазе Танески, пратеник од СДС, другар на Миле Зечевиќ. Лазе, зетот за ќерка, Антонио Кочоски, заради другарување со Зечевиќ, го вработува во контрола на летање Аеродромот Охрид. Ниту ќерката Тамара Танеска не е заборавена, таа ја вработуваат како општ лекар и веднаш и се дава државни пари за специјализација. Пратеникот Лазе Танески, другар на Зечевиќ, ги вдомил децата, а ги вдомил и внуките, исто во болница, исто како општи доктори, и двете внуки како и ќерката добиваат специјализација од државата. 3. Затоа, Асен Шајн, е директор на општа болница Охрид, а неговата сопруга Ирена Шајн, е директор на завод и музеј Охрид. 4. За роднината на Зечевиќ главна на ОО СДС Охрид да има поддршка, и партискиот секретар, другар на Зечевиќ, Ристе Недески, мора да е добро ухлебен. Тој, директор на Затворот Охрид, а сопругата Соња Недеска е вработена во ЈП Пазар, а сестрата на сопругата, Татјана Шишкоска е вработена во СВР Охрид. 5. Уште една другарка на Зечевиќ, Елизабета Русевска, станува Претседател на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка, функција, и секако нејзините деца се вработени- Златко Русевски во царина, а Димитар Русевски во СВР Охрид 6. Цветко Ристески, партиски Шеф на изборниот штаб на СДС Охрид, вработен како Раководител на пазарен инспекторат Охрид, а како докажан другар, синот Петар Ристески, од пред два месеци е вработен во граничната полиција Охрид. 7. Не е покуса ниту Жаклина Лазаревска, пратеник од редовите на СДС, со пипци во охридското образование. Блиска роднина, нејзина братучетка, Ивана Левеска се вработува како наставник по англиски во ОУ Григор Прличев во Охрид. 8. Зечевиќ мислел и на членовите на ЦО на СДС, па Љупчо Којчиноски ќерката Даниела Којчиноска Мартиноска ја вработува во Општинската администрација во Охрид. 9. Додека, Димитар Рилкоски, член на ЦО на СДСМ се вработува како професор по физичко воспитување во Охрид. Сопругата Јана Рилкоска е вработена пред 2 месеци во гранична полиција Охрид. Очигледно дека МВР е посакувано за СДС Охрид, па има цел кластер на непотизми и партизација таму. 10.Саше Дончевски командир на ПС Охрид во време на СДС, неговата сопруга Александра Дончевска е директор на АВРМ Охрид. 11.Жарко Лазороски, началник на СВР Охрид во време на СДС, сега пред три месеци заради блискост со Зечевиќ неговата сопруга Јасмина Лазороска е вработена во АД ПОШТА Охрид како раководител на економско правна служба. 12.Неговиот брат Павле Лазороски началник на гранична полиција Охрид во време на СДС. Сопругата Катерина Лазороска се вработува како директор на фонд за здравствено осигурување од февруари годинава. И во Февруари со одлука на Влада, сега во 2024, по конкурс кој не е завршен во 2017, таа е назначена за државен правобранител во Охрид, вели Стоилковски.
Тој додава дека единствено што СДС знае е за непотизам, партизација, кронизам, а Охрид е пример за тоа.
„Проектот Мрежа за партизација и кронизам на Миле Зечевиќ и СДС никогаш не запрел во овие 7 години. И ЕК оцени дека ништо не работеле, ама имале особен интерес и успех во Корупцијата! Не во борбата со корупцијата, туку во корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот, протекционизам, клиентелизам. Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме, време е наместо хаосот да завладее ред“, вели Стоилковски.