Македонија

Стоилковски: ДУИ делеше „европски„ тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС

Стоилковски: ДУИ делеше „европски„ тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС

ДУИ и СДС вчера си го покажаа лажното проевропското лице, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера ДУИ делеше европски тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС! Беким Незири, предводник на тепачите, не е случаен човек, туку познат висок функционер на ДУИ. Невозможно е тој да влезе на тој начин во М-НАВ без знаење и поддршка на директорите од ДУИ, од партиското раководство и секако од власта. Јавно, додека таму стојат новинари, дури се држи прес конференција, силеџии на ДУИ, влегуваат да тепаат, вратите им се отвораат, а до сега никој не е уапсен, и нема ниедна оставка? ОВА е вистинското лице на коалицијата што се затскрива зад лажни европски вредности! Уште повеќе лажна поевропска е причината; ДУИ веројатно во име на владата пушта тепачи во авиоконтрола, затоа што на оглас за работа не влегле партиските неспособни кадри. И ДУИ, од европската коалиција, пушта тепачи, а министерот од СДС, неспособниот Бочварски, од проевропската коалиција, уште молчи. Уште молчи и Оливер Спасовски, министер за полиција. Тепачи влетуваат во контролна кула, тепале вработени во контрола за летање, а наместо итна акција на специјалните сили, нема полициска акција за расчистување на случајот“, вели Стоилковски.

Тој додава дека се помалку од итно приведување на Беким Незири ќе е гола соработка со тепачите. Бараме итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ, како и оставка од неспособниот Благој Бочварски!

„Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме“, рече Стоилковски.

To top