Вистинско прашање, вели Стоилковски, е кој бизнисмен би дал 180.000 евра на некој кој што само се претставува како вработен во АНБ, верува ли некој во првичното соопштение на ЈО, дека рекетарот само лажно се претставувал?
„Како рекетарот го убедил бизнисменот дека има врска со АНБ, за да нема друг избор и да му даде 180.000 евра во пари, накит и автомобили? И тука доаѓаме до следното, каде требало да завршат парите? Дали рекетарот се претставувал во име на Заре Милошевски, директор на АНБ и Миле Зечевиќ? Влетува ли и АНБ во листата институции поврзани со Асаф Еисин и фалсификување на документи и фалсификување на потписи? Дали овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за ангажманот за СДС? Дали и рекетираните пари во име на АНБ, требале да завршат кај Асаф Еисин“, прашува Стоилковски додавајќи дека ова се случува во време кога нема одговор за злоупотреба на Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу, за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски и за СДС со фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски посочува дека ова е доказ зошто СДС мора да си замине од власт, никој не е безбеден со оваа криминална власт.
„Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Иднината е во рацете на народот“, посочи Стоилковски.