Македонија

Стоилковски: Анастасов од СДС излажа, Пробиштип се труе со тешки метали, а тој реди соларни панели

Пробиштип има споменик на лагите од СДС, со кои ќе настапат и оваа година. Ова е зад мене познатото старо хидројаловиште коешто го труе Пробиштип, кое се гледа од мојата десна страна и околината со олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум и хемикалии како што се бакар сулфат, натриум цијанид, калциум оксид и калциум карбонат, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Стоилковски: Анастасов од СДС излажа, Пробиштип се труе со тешки метали, а тој реди соларни панели

-Почитувани,

Градоначалникот од СДС, Драган Анастасов, во 2021 година ветуваше дека до 2023 ќе го затвори овој извор на опасни тешки метали во близина на пазарот во градот. 12 милиони тони хидројаловина се уште го трујат Пробиштип и околината заради бизнис интересите на СДС и Анастасов.

Почитувани,

Главното ветување на СДС и Анастасов беше дека овој извор на отрови зад мене ќе биде затворен или Анастасов ќе си поднесе оставка!
Па Анастасов и СДС должат одговори, дали граѓаните и децата се уште треба да се трујат се додека не го стокмат бизнисот со фотоволтаици, најавен на денот на рударите?

Почитувани, постои изработен проект за санација, којшто по доаѓањето на СДС на власт стои во фиока иако во 2016 година имало обезбедено и финансиски средства од 4.2 милиони евра од Буџетот на Македонија! Осма година, со изработен проект и со обезбедени пари, СДС и Анастасов оставаат труење со секој еден ветер заради бизнис со фотоволтаици.

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!, истакна Стоилковски.

To top