Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања, ова е тест за интегритет на ДКСК

Тоа е недозволиво и за такво тонење мора да има крај. Македонија повторно твоја! Промените во твои раце! – истакна во изјавата Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања, ова е тест за интегритет на ДКСК

Верувале или не денеска во ЈО, спротивно на закон, среде избори, се врши процес на вработување, прием на 130 нови судии и обвинители, се врши писмен приемен испит за Академијата за судии и јавни обвинители, зад мене во ЈО. И верувале или не, наместо електронско полагање, за прв пат ќе се полага писмено, затоа што не е набавен соодветен софтвер, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додаде дека ова е класично прекршување на изборниот закон од Академијата која треба да биде пример за владеењето на правото. По сила на закон во сите државни институции, јавни претпријатија и општини, сите постапки за вработување се ставени во мирување по сила на изборниот законик и постави прашања:

-Дали за Академијата за судии е поважен изборниот законик или можеби им е поважен Мики Крстев од СДСМ, заменик министерот за локална самоуправа, да полага испит со малверзации во време на распишани избори?!

-Дали за директорката Габер Дамјановска е поважно владеењето на правото од желбата на внуката на Рамиз Мерко, Ерканда Баута, да стане обвинителка во струка со незаконито полагање на тест во изборен период?!

-Дали Александар Глигоров, син на Емил Глигоров, претседател на судот во Струмица од СДСМ, со ваков писмен наместо електронски испит ќе има максимални 100 поени?
Дали Дитмире Шеху, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени на писмениот тест?

-Може и Фуркан Фета, асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе освои 100 поени на ваков тип на полагање. Секако и Дарко Герамитчиоски, советник на СДСМ во Општина Прилеп, веројатно ќе има 100 поени на писмен тест прегледуван од човек, наместо електронски, истакна Стоилковски.

Имено, Стоилковски упати апел до ДКСК да го спречат ова прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители, бидејќи решавањето на овој предмет ќе биде и тест за интегритетот на Антикорупциската комисија која има должност да го заштити изборниот законик. Дополнително, ќе се остави време да се исправи актуелната состојба, наместо електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест. Тоа сега значи човечко влијание, можност за манипулации, дополнително одговарање од страна на трето лице на неодговорените прашања и доделување на максимум поени на кандидати кои се доведуваат во врска со власта и дополнително се руши интегритетот на правниот систем во Македонија.

Тој рече дека тоа е недозволиво и за такво тонење мора да има крај. Македонија повторно твоја! Промените во твои раце!

Најнови вести од Македонија

To top