Македонија невладини организации

Стоилковиќ оствари средба со претставници на повеќе НВО од сите етнички заедници

Ќе биде формирана комисија која во соработка со ЕК и ОБСЕ како поддржувачи на целиот процес ќе го контролира истиот, и затоа МОЗ ви стои на располагање со стручна помош, со единствена цел да добиеме издржани проекти кои ќе значат напредок и место во извештајот на ЕК“, посочи вицепремиерот и министер Стоилковиќ.

Стоилковиќ оствари средба со претставници на повеќе НВО од сите етнички заедници

Потпретседателот на македонската влада и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со претставници на невладини организации од сите етнички заедници.

На средбата организирана на иницијатива на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со цел да ги информира претставниците на немнозинските заедници од земјава за идните планови на МОЗ, односно сето она што треба да се случува во претстојната 2025 година, присуствуваа Јана Михаилова од ЗПХ Интегра нау, Марија Николова од Питу Гули и Ѓорѓи Ѓорѓиев од Мандра од влашката заедница; потоа Надир Реџепи од Инсок; Зоран Димов од Ромски деловен информативен центар и Надире Селман од Здружение на жени Ромки – Есма од ромската заедница; Василка Китановиќ од Српски културен центар, Примислав Станоевиќ и Момчило Велиќ од КУД „Свети Сава први“ и Гордана Јовиќ-Стојковска и Зоран Жугиќ од Српска заедница во Македонија како дел од српската заедница; Изета Бабачиќ од Диванхава од бошњачката заедница; и Мелек Адем од Зор Дернек и Шенол Тахир од Хид-бах-шен како дел од турската заедница.

Во фокус на разговорот меѓудругото беа и прашањата и предизвиците со кои се соочуваат помалите етнички заедници во земјава, а средбата се одржа во конструктивна атмосфера на која беа разменети мислења и ставови за можните проекти на кои треба да се работи, како и на фактот дека исклучително е важна соработката со цел подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух, како и јакнење на соработката со граѓанскиот сектор, подобрување на видливоста и транспарентноста на здруженијата и зајакнување на партнерските односи со надлежните органи во РС Македонија, локалните самоуправи и невладините организации.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ ги запозна претставниците на НВО со идните планови на Министерството за односи меѓу заедниците, односно со фактот дека согласно Буџетот за следната година предвидено сите етнички заедници да добијат еднакви средства за одбележување на својот национален ден со фокус – напредок во извештајот на ЕК во областа на почитување на правата на помалите заедници.

„Очекувам издржани проекти бидејќи нема да се толерираат импровизации. Ќе биде формирана комисија која во соработка со ЕК и ОБСЕ како поддржувачи на целиот процес ќе го контролира истиот, и затоа МОЗ ви стои на располагање со стручна помош, со единствена цел да добиеме издржани проекти кои ќе значат напредок и место во извештајот на ЕК“, посочи вицепремиерот и министер Стоилковиќ во Владата на РС Македонија.

На крајот од средбата соговорниците се согласија дека исклучително е важна меѓусебната соработка и дека за да има резултати, освен иницијатива треба и напорно да се работи.

Најнови вести од Македонија

To top