Македонија приближување до европското семејство

Стоилковиќ на средба со министерот за безбедност на БиХ Нешиќ

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми кои се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации.

Стоилковиќ на средба со министерот за безбедност на БиХ Нешиќ

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, кој е во неколкудневна работна посета на земјава.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми кои се во интерес на двете држави и кои дополнително ќе ги зајакнат и онака добрите релации.

Двајцата министри се согласија дека добрите односи треба и мора да се негуваат, дека треба да се потпираме едни на други, како и дека единствениот пат и на РС Македонија и на Босна и Херцеговина е приближување до европското семејство, па во таа насока останувањето на иста патека и, секако, соработката треба да го задржат досегашното ниво.

Потпретседателот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна босанскиот колега Нешиќ со досега сработеното и идните планови за работа, по што двајцата соговорници заклучија дека освен што меѓу двете пријателски земји постојат заеднички приоритети, постојат и многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина.

Најнови вести од Македонија

To top