Новаци знае што сака, кој работи за народот и кој човек ја заслужува довербата, истакна Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник на Општина Новаци од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе изградиме систем за наводнување Новаци-Добромири од акумулацијата Суводол. Ова ветување беше во претходната програма, но заради неажурноста на претходната влада се пролонгираше неговата изградба. Но со владата на ВМРО-ДПМНЕ работите веќе почнаа да се движат. Следата пролет ќе започнеме со негова изградба, системот за наводнување е капитален проект за земјоделците, сигурни приноси, стабилно земјоделство и иднина за младите, нагласи Стевановски.
Како дел од проектите предвидени во програмата тој ги истакна и изградба на зип лајн со што Новаци ќе стане нова туристичка атракција, изградба на мини пазар, уредување на влезовите на селата, нови работни места и брз економски развој на општината.