Македонија потписи

Стефковски со повик до граѓаните: Сабајле веднаш по 08:00 часот да се потпишеме за Гордана Силјановска

Почитувани мои сограѓани, Ви се обраќам како ваш сосед, пријател, познаник и ваш градоначалник, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Во Република Македонија никогаш не било полошо од сега за тоа сите ние сме сведоци. Не постои човек кој на своја кожа не го осетил нефункционирањето на државата во сите области. СДСМ стана заложник на ДУИ, а тие пак целосно ја криминализираа државата! Вака веќе не оди! Време е за промени! А промените мора да тргнат од некаде. Време е како народ да создадеме подобра иднина за потоа да не се повикуваме на судбината! Иднината зависи од секој од нас! Утре, 03.03.2024 година (недела) е денот кога како народ треба да покажеме дека сме одлучни за промени! Ве повикувам сите граѓани, без разлика на етничка, верска, политичка или било каква припадност уште рано наутро веднаш по 08:00 часот да дојдете во просториите на општина Гази Баба (барака број 1 – канцеларија на ДИК) и да се потпишете за поддршка на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија! Иднината зависи од секој од нас, бидејќи секој човек е важен! Истакнува Стефковски.

Најнови вести од Македонија

To top