Македонија време е жена да биде избрана за претседател на Република Македонија!

Стефковски: Се потпишав за поддршка на Гордана Силјановска Давкова

Најважно од се е тоа што професорката Гордана Силјановска Давкова секогаш била на страната на македонскиот народ.

Стефковски: Се потпишав за поддршка на Гордана Силјановска Давкова

Како делегат на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со особено задоволство сакам да Ве информирам дека се потпишав за поддршка на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова која таа ја поднесе до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се оддржи на 2 Март, истакна Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.

Мојата одлука да ја поддржам професорката Силјановска Давкова за кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа поради нејзиното искуство како истакнат универзитетски професор, но и пратеник во Собранието на Република Македонија.
Најважно од се е тоа што професорката Гордана Силјановска Давкова секогаш била на страната на македонскиот народ.
Уверен сум дека е време жена да биде избрана за претседател на Република Македонија!

Најнови вести од Македонија

To top