Македонија Интервју

Стефановски: Се случи мастерплан на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Безбедносниот аналитичар во разговорот во студиото се осврна и на тригодишната брутална руска агресија врз Украина, политиките на Доналд Трамп кон ЕУ и Русија како и за тоа како би се спроведувал мировниот план во Украина.

Стефановски: Се случи мастерплан на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Ние сме петта држава која по бројот на жители дава придонес и помага со оружје на Украина и тука никој не може да ни го оспори тој факт и таа досегашна генерирана државна политика. Во тој контекст ние како земја кандидат за ЕУ досега ги базираме тие принципи на политиката иако не сме полноправна членка на Унијата. Оттука не знам зошто во целост би ја следеле надворешната политика на ЕУ, кога ние не сме членка а од друга страна членките кои се внатре во Унијата не ја следат самата европска политика. Така, од дипломатско тактички гледна точка можеби е и добро што го свртиме вниманието на ЕУ кон нас токму преку нашата поддршка на американската резолуција за Украина во ООН, вели политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефановски за Слободен печат.

Сето тоа што се случи е мастерплан на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со тактички чекор покажавме дека ние сме играчи на Балканот. Жално е што ЕУ не нè следи нас во нашите амбиции да станеме полноправна членка на европскиот сојуз. Во исто време, не познавам држава каде што имало јавна дебата за резолуција која е подготвена. Од друга страна европската резолуција е пресликана од минатогодишниот мировен собир воШвајцарија. Така, во делот на стратегијата тоа се доверливи потези на дипломатијата каде што не треба да бидат диспонирани во јавноста, се со цел да не бидат компромитирани, минимизирани или да бидат доведени во прашање од разни притисоци. Напротив, Христијан Мицкоски беше во неколку наврати во Вашингтон и можеме да бидеме сигурни дека на повеќе пати се разговарало на оваа тема и стратегија. Овој чекор може само да не приближи до Европа а ЕУ повеќе да не цени во однос на тоа што ние сме спремни да го направиме – заклучи Стефановски.

Безбедносниот аналитичар во разговорот во студиото се осврна и на тригодишната брутална руска агресија врз Украина, политиките на Доналд Трамп кон ЕУ и Русија како и за тоа како би се спроведувал мировниот план во Украина.

Најнови вести од Македонија

To top