Македонија

Стаменкоска Трајкоска за рекордниот говор во Собрание: Секој збор беше посветен на борбата за подобро утре

Стаменкоска Трајкоска за рекордниот говор во Собрание: Секој збор беше посветен на борбата за подобро утре

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска во телевизиско гостување искрено зборуваше за рекордниот говор во Собранието од 10 часа.

– Да се говори 10 часа во Собрание не е лесно, но секој труд е вреден кога треба да се разобличи она што не е исправно! Секој збор беше посветен на борбата за подобро утре, за правда и за гласот на луѓето што не смеат да бидат игнорирани, вели Стаменкоска Трајкоска.

Додава дека затоа нејзината порака е да не се откажуваме.

-И најдолгиот пат започнува со првиот чекор, но целта секогаш се постигнува со истрајност, нагласува Стаменкоска Трајкоска.

To top